Љатифи Азизи: Во рок од две недели се очекува половина од пациентите кои се лекуваат во странство да се вратат во земјава

Портпаролката на Влада, Венера Љатифи Азизи попладнево на прес-конференција информира дека според последните податоци денеска од болниците ќе бидат испишани 16 пациенти кои се лекувале во земјава и лекувањето ќе го продолжат во домашни услови. Потенцира дека во рок од две недели се очекува половина од пациентите кои се лекуваат во странство да се вратат во нашата земја, за кои, како што рече, ги преземаат сите неопходни чекори за продолжување на нивното адекватно лекување.
Владината портпаролка информира дека во моментот, во странство се лекуваат 116 пациенти. Се очекува оваа недела осум од нив да се вратат и да продолжат со лекувањето во земјата.
- Во меѓувреме, состојбата на некои пациенти и понатаму е сериозна. Четири од тие кои се во странство се во критична состојба, но правиме се за да го обезбедиме потребниот третман и да се надеваме на нивно подобрување. Покрај болничката нега, како дел од долгорочната нега обезбедивме тим хирурзи кој ќе остане во Кочани за поддршка на пациентите кои се лекуваат дома избегнувајќи ги нивните напорни патувања во клиниките. Исто така, штипската болница располага со четири хирурзи кои ќе бидат во постојана комуникација за давање поддршка на пациентите, рече таа.
Љатифи Азизи нагласи дека здравствените установи се максимално посветени за обезбедување квалитетен третман и целосна рехабилитација за сите пациенти.
Владината портпаролка истакна дека истрагата за овој сериозен настан продолжува со целосна посветеност и во соработка меѓу одговорните институции.
- Владата останува решена да ја открие вистината и да се погрижи одговорните да одговараат за своите постапки, рече портпаролката Љатифи Азизи.
Ново на Сител
-

Стразбур почна постапка по жалбата на Јанкулоска
-

Судот ги одби жалбите, Паунов и Димитриев остануваат во куќен притвор
-

Власта ќе формира анкетна комисија во Собранието за сите несреќи
-

Мицкоски по апсењето на Аца Лукас: Строго и внимателно ќе се следат настапите на естрадните уметници
-

Евроскептицизмот кај младите - Дебата во Собранието
-

Утре стратегијата за образование 2026-2032 година ќе биде објавена на ЕНЕР - Јавноста ќе може да дава предлози
-

20-месечно дете од Прилеп починало во кичевската болница
-

Кедев - Освојувањето на 14-те највисоки врвови го сметам за национален успех
