-->
-->
Лишени од слобода три лица - расчистено убиството во Дебреше
-->
Полициски службеници од СВР Тетово попладнево (23.07.2024) лишија од слобода три лица и го расчистија убиството кое се случи денеска во гостиварско Дебреше околу 17.15 часот. Веднаш по добиената пријава дека е пукано врз Р.К.(35) од Дебреше воспоставена е оперативна акција “обрач” за пронаоѓање и лишување од слобода на сторителите, соопшти МВР.
По кратко време, сторителите се лишени од слобода и тоа Б.В.(28), Ј.В (31) и Љ.В. (32), а пронајдена е и автоматската пушка од која е пукано, како и возилото “волво” со кое сторителите се одддалечиле од местото на настанот. По документирање на случајот, ќе биде поднесена кривична пријава до надлежното ОЈО, стои во соопштението.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Прилепчанец возел со 1,80 промили алкохол во крвта и со активна забрана за управување возило
-
Приведен возач кој удри 87-годишен пешак во Скопје
-
Реафирмирани ставовите за деблокада на евроинтеграцискиот процес
-
Во Нови Сад протест на средношколци од Србија против онлајн настава
-
Претседателката Сиљановска-Давкова на погребот на Папата Франциск
-
Во базиликата Санта Марија Маџоре во Рим ќе биде погребан папата Франциск
-
Променливо облачно и нестабилно, со повремени локални врнежи од дожд и грмежи
-
Зеленски: Крим и припаѓа на Украина