Лазаров: Поради блокадата Македонците ги заменија бугарските зимски туристички центри со српските
Кирил Лазаров, претседателот на Македонско-бугарската стопанска комора, вчера во „Студио 10“ на ТВ24 рече дека Македонците сѐ повеќе се определуваат да ги заменат бугарските со српските зимски туристички центри поради политичката блокада од страна на Софија.
– На границата е сменет односот, не поради одлука на политичари, туку самата атмосфера е таква. Келнерот ќе те праша таму „Как’в си?“ (Што си ти?). Зошто да одам Банско и во Боровец, ќе одам на Копаоник и на Златибор. Но како што се растуриле односите, така и ќе се поправат. Брзо ќе се врати довербата и ќе се вратиме во нормала – рече бизнисменот.
Лазаров смета дека топката помеѓу двете земји е спуштена и дека новата власт во Бугарија ќе донесе позитивни промени во македонско-бугарскиот спор. Тој очекува новите премиери Димитар Ковачевски и Кирил Петков да свртат нов лист во историјата на македонско-бугарските односи.
Ново на Сител
-
Филипче повикува на средба
-
Тема на денот со проф. д-р Драган Данаиловски
-
Свечена академија по повод Свети Кирил и Методиј
-
Сиљановска-Давкова ја посети базиликата „Санта Марија Маџоре“ во Рим
-
Прославен денот на сесловенските просветители во Прилеп
-
Бугарија засега не потврдува средба Сиљановска-Радев со високи претставници на ЕУ, НАТО и САД
-
Љупчо Димовски реизбран за претседател на СПМ
-
ВМРО-ДПМНЕ: ОЈО да ја преиспита улогата на Филипче