Македонија
24. May 2025 - 16:49

Љупчо Димовски реизбран за претседател на СПМ

Љупчо Димовски е реизбран за лидер на Социјалистичката партија. Делегатите на 10 тиот партиски Конгрес повторно му ја дадоа довербата. Во својот извештај констатираше дека успеал да ја врати партијата на власт по 7 години поминати во опозиција. Упати силни критики на адреса на претходната власт која ја обвини за предавство на националните интереси и блокадата на евроинтегративниот процес. 

Напредокот кон Европската Унија останува во фокусот на социјалистичката партија но како што рече Димовски не по секоја цена и без билатерални услови. Во новиот мандат најави борба за економски раст и повисок животен стандард.

Социјалистите во моментов имаат двајца пратеници, 1 градоначалник и еден заменик министер додека Претседателот Димовски е потрептеседател на владата задолжен за политички систем.Истакна дека со ВМРО-ДПМНЕ се во стратешка коалиција повеќе од 21 година и има одлична комуникација со премиерот Мицкоски.

Социјалистичката партија е правен наследник на Социјалистичкиот сојуз а во денешната форма функционира од осамотојувањето на Македонија. Љупчо Димовски е третиот партиски претседател. Го наследи Љубисав Иванов Ѕинго кој ја водеше партијата речи си 25 години.