КУД ,,Дримкол“- Вевчани на 20-тата смотра на фолклорот во Задар, Хрватска
КУД,,Дримкол” од Вевчани овие денови ја претставува нашата земја на 20-тата Смотра на фолклорот во Задар, Р. Хрватска во организација на Музејот за заштита на споменици на град Задар и на Туристичката организација на Задар.
КУД,,Дримкол” со своја изворна и автентична програма синоќа се претстави пред Хрватската публика во рамки на официјалната програма на големата летна сцена, а денеска со едночасовна програма ,,Дримкол” ја претстави Вевчанската и Македонска фолклорна традиција на плоштадот во Задар.
- Многу убава манифестација, одличен пречек од страна на домаќините, прекрасна публика и многу добро прифатен нашиот фолклор овде во Задар. Се претставивме со традиционални изворни ора и песни од Вевчани и од нашиот регион презентирајќи ја во целост нашата народната култура: Вевчанската носија, инструменти, песни. Се потрудивме тоа да биде најдостоинствено како што му прилега на Дримкол, на Вевчани и на Македонија и сето тоа навистина се ни се исплати слушајќи ги високите критики за нашето претставување на еминентнитњ професори од Етнолошкиот факултет и други релевантни институции од оваа област, синоќа на тркалезната маса која се одржа на крај од програмата - ни изјави Кирил Бебекоски од раководството на Дримкол кој ја предводи групата во Хрватска.
Со ова гостување КУД ,,Дримкол” од Вевчани само уште еднаш се потврдува како достоен чувар на македонското културно наследство.
Ново на Сител
-
Хрватскиот претседател Милановиќ во официјална посета на Македонија
-
Мицкоски до полицијата: Правдата мора да дојде преку непоткуплива полиција, чувајте ја Македонија
-
СДСМ Куманово обвинува дека Максим Димитриевски е фатен во огромна корупција
-
Дали Македонија напредува на патот кон ЕУ?
-
Жителите на Кривогаштани на протест, не даваат реконструкција на 2 моста додека не се најде алтернативен пат
-
Преглед на вестите од светот
-
Полагање на државна матура 2025 година - Смислија ли надлежните нови механизми за да се спречи препишувањето?
-
Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар