Македонија
6. May 2025 - 16:39

Таравари во обид за договор со ВРЕДИ

Таравари сака да се договори со Вреди за поддршка на градоначалничките кандидати но разговорите не одат лесно. Извори блиски до актуелниот министер за здравство за Сител велат дека негов прв приоритет е да се најде простор за договор со довчерашните партнери. Одлуката за самостоен настап на советничките листи останува а за преговори со Вреди партијата веќе го овластила вицепремиерот Арбен Фетаи. 

Од крилото на таравари за Сител велат дека до овој момент разговори со ДУИ нема, но доколку Таравари замине во опозиција, тогаш партијата ќе мора да најде партнер со кој би си дала поддршка на изборите а ДУИ би бил прв на листата. 

Нашите извори не се баш оптимисти дека Таравари ќе добие поддршка од Вреди а во таа насока е и реакцијата на вицепремиерот Меџити на социјалните мрежи.

„Дадениот збор  „беса“ е еден од главните столбови на кодексот на честа кај Албанците. „Беса“ е верност, чесност и одговорност кон дадениот збор. Човек кој дава „беса“ морално и духовно е обврзан да го одржи тоа ветување, дури и ако тоа го чини многу. Кога дадениот збор е прекршен, лебот е скршен. Лебот што се крши не се лепи. Ниту со последователни средби, ниту со едномесечен рок. Затоа што зборот не е само ветување; таа е гаранција за чест, која историски била помоќна од кој било правен документ.“ – порача Меџити

Во ВМРО-ДПМНЕ не откриваат многу детали од вчерашната средба освен дека поминала во конструктивна атмосфера.

Рокот од месец дена кој си го дадоа Мицкоски и Таравари за договор се поклопува со роковите во кои партиите најавија дека ќе ги промовираат своите кандидати за локалните избори.