Кривична за директори на АД „ЕМО“ Охрид
Генералниот директор на АД „ЕМО“ Охрид и директорот на погонот во претпријатието украле од претпријатието околу 10 илјади евра и лажно пријавиле кражби. Против нив е поднесена кривична пријава за лажно пријавување на кривично дело и несовесно работење во службата.
- Поради постоење основи на сомнение за сторени четири кривични дела од кои две „лажно пријавување на кривично дело“, едно „несовесно работење во службата” и едно дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против З.Ф. (48) од охридското село Трпејца и З.Д. (44) од Охрид. Прво пријавениот како генерален директор на АД „ЕМО“ Охрид, а второпријавениот како директор на погон, во текот на декември минатата година со пропуштање на должен надзор или на друг начин несовесно постапувале во вршењето на своите овластувања и должности, со што предизвикале штета на АД“ЕМО“ и се стекнале со против правна имотна корист од 600.000 денари, информираат од МВР.
Директорите, како што велат од полицијата, во текот на минатата година од филијалата на „ЕМО“ во Крушево примиле 100 килограми месинг кој не го пријавиле во службените евиденции. Месингот потоа го продале во претпријатието за откуп на метални суровини ДООЕЛ „Вибел Експорт“- Белчиша што исто така сметководствено и записнички не го евидентирале.
Пријавените, кон крајот на минатата година, во СВР Охрид пријавиле кражба на околу 1.500 килограми бакар. Лажното пријавување го направиле иако претходно со знаење на З.Д. бакарот бил продаден во претпријатието за откуп на метални суровини ДООЕЛ „Вибел Експорт“ - Белчиша, а потоа препродаден на ДООЕЛ“Павор“-Скопје. За извршената продажба на месингот и бакарот, пријавените не составиле записник и не го пријавиле до надлежните служби во АД „ЕМО“, информира МВР.
Ново на Сител
-
Анализа: Што ќе донесат последните посети на Мицкоски во Брисел?
-
Тема на денот со Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Не се знае дали студентите ќе имаат бесплатен превоз од први јануари, ЈСП не им ги продолжува билетите
-
Реформи веднаш за поголем економски раст
-
Директорката на Клиниката за деца “Козле” на состанокот кај Таравари ги негирала обвинувањата од 30 специјалисти
-
Преглед на вестите од светот
-
Скопјани се подготвуваат за викенд без вода
-
Артан Груби побарал укинување на притворот