-->
-->
Кривична пријава за скопјанец кој претепа вработен на наплата рампа
-->

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ш.И.(43) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.
На 20. ноември минатата година околу 20.30 часот на автопатот Гостивар – Тетово, поточно на наплатна рампа на влез во Тетово, пријавениот со уште неколку непознати лица физички го нападнале И.Р.(54) од Тетово, вработен во ЈП „Државни патишта“, при што му нанеле телесни повреди. Истите во еден момент искорнале метална шипка за сензор и со неа ги искршиле стаклата од кабината каде работел оштетениот.
Во наведеното време пријавениот со непознатите лица пристигнале на наплатната рампа со автобус кој превезувал симпатизери на една политичката партија.
По кратка вербална расправија со оштетениот го извршиле кривичното дело, по што се вратиле во автобусот и заминале.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Филипче повикува на средба
-
Тема на денот со проф. д-р Драган Данаиловски
-
Свечена академија по повод Свети Кирил и Методиј
-
Сиљановска-Давкова ја посети базиликата „Санта Марија Маџоре“ во Рим
-
Прославен денот на сесловенските просветители во Прилеп
-
Бугарија засега не потврдува средба Сиљановска-Радев со високи претставници на ЕУ, НАТО и САД
-
Љупчо Димовски реизбран за претседател на СПМ
-
ВМРО-ДПМНЕ: ОЈО да ја преиспита улогата на Филипче