Косовски и македонски државјанин побегнаа од затвор во Косово, приведени двајца полициски офицери
Двајца затвореници, 28-годишниот К.Г. од Урошевац и 31-годишниот Ш.Н., дражавјанин на Република Македонија, двајцата осудени за кривично дело „тешка кражба“, побегнаа вчера од затворот Дубрава во Косово, по што, денеска, се уапсени двајца полициски офицери од овој затвор, јави дописникот на МИА од Приштина.
Извори од полицијата информираа дека полициските службеници се приведени и притворени под обвинение дека не обезбедиле соодветна придружба на затворениците, со што им овозможиле да побегнат од затворот.
- Затворениците работеле во еден од павилјоните на затворот и во еден момент ги искористиле околностите и побегнале, се вели во соопштението на полицијата.
Косовскиот и македонскиот државјанин и натаму се во бегство, а надлежните органи продолжуваат да работат на нивно пронаоѓање и целосно расветлување на случајот.
Ново на Сител
-
Предизборен карван на ВМРО-ДПМНЕ во Новаци, Могила и Битола
-
Предизборен карван на СДСМ во Дебарца, Вевчани, Струга и Охрид
-
Тема на денот со Горан Герасимовски, кандидат на СДСМ за градоначалник на Општина Центар
-
Преглед на вестите од светот
-
Одобрено обвинението за пожарот во Пулс
-
Сопствениците на диви депонии во Вардариште седнаа на обвинителна клупа
-
Ветувања од власта: Поширок булевар во Чаир, чист Центар, стипендии за повредените во Кочани
-
Шукова ќе го воведе БРТ системот за поефикасен градски јавен превоз