Кочубовски: Акциски план за подготвеност и одговор при кризни и итни состојби и катастрофи
Институтот за јавно здравје е подготвен и има Акциски план за одговор при кризни и итни состојби и катастрофи. Има и стандардна оперативна процедура како да постапува здравството во услови на поплави, рече денеска проф. д-р Михаил Кочубовски, раководител на Сектор за здравствена екологија во Институтот за јавно здравје, одговарајќи на новинарско прашање дали здравствените власти се подгоотвени за можни поплави.
- Ако се случат поплави, би можела да биде загадена почвата во зависност од тоа што е поплавено. Ако е поплавено само земјоделско подрачје тоа ќе биде транзиторно или преодно и зависи од периодот. Во овој период од годината не постои ризик по здравјето од евентуално поплавување на земјоделски посеви зошто нема култури кои сега се одгледуваат, барем во поголемиот дел, појасни Кочубовски на паузата на национална конференција за правичен пристап до вода.
Овој период, како што рече, е мирен, а опасно е во пролетниот и летниот период кога има жетва или пред жетва.
- Тогаш ќе настанат штети на самите култури и загрозување, загадување и тогаш тие не би можеле да се користат за храна, рече Кочубовски.
Тој информира дека постои можност и од контаминација на водата ако се излеани површинските води и ако бунарите не се добро заштитени.
- Ние имаме програма за следење на бунарите во градските и селските подрачја и тогаш поинтензивно следиме и ги испитуваме и секако забрануваме ако водата е неисправна, даваме препораки да не се користи и за нејзина дезинфекција или ако тоа веднаш не може да се примени, даваме препораки да се преврива водата или во краен случај да се користи пакувана вода за пиење, која е безбедна, истакна Кочубовски.
Ново на Сител
-
И годинава ниеден македонски универзитет не се најде на Шангајската листа
-
Македонија шеста во светот по странски инвестиции според големината на економијата
-
Премиерот најави казни против маркетите и мерки кај услугите
-
Муцунски: Каква и да е одлуката на Уставен, нема да влијае на преговарачката рамка
-
Уште една бурна ноќ во Србија - 114 приведени, 75 повредени полицајци
-
Активни два пожара - Јасен и Јегуновце
-
Во касарната Јане Сандански - Штип презентирани нови 29 лесни оклопни возила - JLTV од САД
-
Охрид и Струга нудат услови за конгресен туризам