-->
-->
Кличко засега го откажа мечот со Фјури
-->
Апсолутниот светски шампион, Украинецот, Владимир Кличко го откаже мечот против Британецот Тајсон Фјури на 24 октомври поради повреда на листот на ногата.
Од тимот на Украинецот потврдија дека веќе следната недела ќе биде објавен нов датум за мечот во Дизелдорф.
„Секако дека ми е жал, за моите фанови, но и за мојот противник Фјури“, изјави Кличко за германскиот весник „Билд“.
Фјури шансата за борба против Кличко кој ги брани титулите во ВБО, ВБА, ИБФ и ИБО верзиите ја доби со победата над Дерек Чизора минатиот ноември. Во меѓувреме, тој требаше да боксува против неговиот сонародник Дејвис Хеј кој двапати откажа поради повреда.
Кога ќе дојде до вкрстување на ракавиците меѓу Кличко и Фјури останува да сочекаме, но едно се сигурно дека борбата ќе се одржи на истото место како и претходно планираното во Дизелдорф на арената „ЕСПРИТ", која е со капацитет од 55.000 гледачи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ќе има ли јагнешко за Велигден и по која цена?
-
Tема на денот со Михајло Лахтов, експерт за медиуми
-
Загрижувачки пораст на респираторните заболувања - околу 1000 случаи годишно со рак на белите дробови
-
Кој краде на Клиниката за онкологија – Два инциденти за 6 дена
-
Судењето за убиството на Вања продолжи со испрашување на таткото
-
Коалицијата „Вреди“ ги пегла разликите
-
Бока: Интеграцијата на Македонија во ЕУ е незавршен процес
-
Опозицијата контра именувањето на Богојески, за власта битна ќе е неговата работа, а не коментари