Македонија
30. April 2025 - 21:07

Ќе бараат ли партиите разрешување на првата антикорупционерка?

Ги следат случувањата, но засега нема да преземаат конкретни чекори.. Откако првата антикорупционерка која е осомничена за оддавање службена тајна, објави дека останува на фунцијата, двете најголеми парламентарни партии моментално не планираат да бараат нејзино разрешување.. Од владејчката партија велат, ако било кој функционер е опфатен со кривична истрага, нема да биде толериран..

„Ќе почекаме да видиме како ќе се изјаснат и другите членови на Државната комисија за спречување на корупцијата, (ДКСК), но таквото однесување каде што некој актуелен функционер е под истрага за сторено кривично дело, нема да го толерираме“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. 

Опозициската партија пак ќе го чека исходот од постапката која Јавното обвинителство ја води против Димитровска.. Од тоа ќе зависеле и нивните следни чекори..

„Најсоодветно е прво да видиме што ќе покаже истрагата. Ја почитуваме презумпцијата на невиност и внимателно ги следиме сите информации досега. Врз база на тоа ќе носиме понатамошни одлуки“, велат од СДСМ. 

Според Законот за спречување на корупција, претседател или член на комисијата се разрешува ако тој е осуден на затвор повеќе од шест месеци, неоправдано отсуствува од работа, ги прекрши правилата за спречување судир на интереси, или ако е изречена забрана за вршење професија, дејност или должност..