Свет
5. September 2017 - 9:22

Керн: Ако изгубам на изборите нема да се приклучам кон ниту една влада

Лидерот на Социјалдемократската партија и канцелар на Австрија, Кристијан Керн најави дека доколку изгуби на претстојните парламентарни избори нема да влезе во ниту една влада.

- Ако победиме ќе останам канцелар, а ако изгубиме тогаш одиме во опозиција и Австрија ќе ја води коалиција од Народната партија и Слободарската партија, предупреди тој, гостувајќи на националната телевизија ОРФ.

Изборите во Австрија се закажани за 15 октомври 2017 година.