-->
-->
Кери: САД ќе ги примат ветените 10.000 сириски бегалци
-->

САД ќе примат 10.000 сириски бегалци оваа фискална година како што и веќе вети претседателот Барак Обама, изјави американскиот државен секретар Џон Кери.
Тој синоќа додаде дека САД наскоро ќе примат 10.000 загрозени бегалци избрани од кампови на ОН чие населување во државата го одобриле американските безебедносни и разузнавачки служби.
– Тоа е шест пати повеќе бегалци отколку што примивме минатата фискална година, изјави синоќа Кери.
Американската фискална година трае од 1 октомври до 30 септември. Активитсти го критикуваа Вашингтон дека премногу споро прифаќа луѓе кои бегаат од конфликти.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Милан Стефаноски, политички аналитичар
-

Водостоите на реките намалени, состојбата се стабилизира
-

Повторените избори во Врапчиште и Гостивар ќе го претумбаат албанскиот блок
-

Седница на Влада по повод Ден на албанската азбука - јазикот обединува, не разделува
-

Стојков: Признанието од МАНУ е за Македонците во Бугарија
-

Трамп: Крајот на руско-украинската војна е близу
-

Македонија ќе има индиректен бенефит од крајот на војната во Украина
-

Бебиња со респираторни инфекции ја полнат Детската клиника
