Касами - Села:Новата коалиција ќе биде победничка
Лидерите на БЕСА и Алијансата на Албанците Биљал Касами и Зијадин Села кои настапуваат заеднички за вториот круг од локалните избори попладнево се сретнаа со дел од професорите на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово на која разговарале за актуелната политичка ситуација и претстојните избори.
Лидерот на Алијансата на Албанците Зијадин Села се надева дека новата коалиција ќе биде победничка.
- Се наоѓам во Тетово да ми дадам подршка на претседателот на БЕСА Биљал Касами, кој е и кандидат за градоначалник на Тетово. Јас се надевам на победа на кандидатите за градоначалници од БЕСА и Алијансата на Албанците кои влегле во вториот круг од изборната трка, во сите општини од Липково до Струга, изјави Села.
Претседателот на Беса посочи дека коалицијата со Алијансата произлегла од народот.
- Јас сум свесен дека оваа соработка со Алијансата е задоцнета, но на крајот таа ќе биде успешна и победничка и оваа колацијата ја бараше народот. Нејзината цел е да се порази погубната политика на ДУИ, рече Касами.
На новинарско прашање околу излегувањето на неговата партија од Владата Села одговори дека таквата информација е резултат на пропагандата на ДУИ, како што рече, се со цел да се создаде хаос и сомнеж кај гласачите пред вториот круг од локалните избори.
Ново на Сител
-
Тема на ден со Ефтим Митров, поранешен раководител на пиротехничарите во Дирекцијата за заштита и спасување
-
Венко Филипче единствен кандидат – СДСМ избира претседател
-
Мицкоски: Владата е стабилна
-
По царините на Трамп, Мицкоски очекува добра вест од САД за македонската економија
-
Aнкета на Детектор: Останува силно мнозинство против уставни промени
-
Младите не се чувствуваат безбедни
-
Во штипска Клиничка ќе се вработат 19 специјализанти
-
43 лица со ретки болести ќе добијат стипендии