Македонија
25. November 2024 - 12:43

Каранфилова-Пановска: СДСМ мора да ја врати довербата кај граѓаните

-Убедена сум дека ќе го вратиме статусот, угледот, кредибилитетот, поддршката и победите на СДСМ, порачала новата заменик претседателка на партијата која вчера ја доби поддршката на делегатите.

Како што информираат од СДСМ предку писмено соопштение, Каранфилова-Пановска посочила дека во оваа фаза во која се наоѓа сега СДСМ, клучно е враќањето на довербата на  граѓаните.

„Моето нафаќање и ангажман ќе биде особено значајно и се надевам ќе биде од голема помош, во оваа фаза на темелни внатрешни промени и реформи, дефинирање на новиот курс и позиционирањето на партијата, имајќи ги предвид сите предивизици, а особено, оној, за мене клучен и суштински, а тоа е враќањето на довербата кон СДСМ од страна на слободоумните граѓани на кои вредносната оска на социјалдемократијата им е блиска, а кои во изминатиот период се разочараа од СДСМ и се чувствуваат изневерено. Нив мора да ги вратиме! И во ова лежи суштината на мојот инстинкт, порив и подготвеност да се нафатам на оваа сериозно одговорна функција“, посочила Каранфилова-Пановска.

На вчерашниот конгрес СДСМ ги избра и новите членови на Централниот одбор кои според најавите до крајот на оваа недела ќе ја одржат својата прва седница на која ќе го изберат новиот Извршен одбор, потпретседателите на партијата и генералните секретари.