Македонија
25. November 2024 - 18:08

Кривична за вработена во градинка, и се заканувала на нејзина колешка

Полицијата во Битола поднесе кривична пријава против 47-годишната В.И од Прилеп поради сторено кривично дело загрозување на сигурноста.

„На 31.10.2024 во просториите на детска градинка во Прилеп, пријавената, вработена во градинката, по кратка расправија, упатувала закани кон друга вработена“, велат од МВР.