-->
-->
Камерон ќе претстави петгодишен план за отпор кон исламскиот екстремизам во Британија
-->

Британскиот премиер Дејвид Камерон денеска ќе претстави петгодишен план за спротиставување на исламскиот екстремизам. Камерон ќе го претстави планот во говор во Бирмингем, а делови од говорот веќе објавија британски медиуми.
Според премиерот, неопходно е да се преземат акции против екстремистичката идеологија на Исламска држава за да се засили сплотеноста на нацијата.
- Постои опасност во некои наши заедници да го поминете целиот свој живот без да имате речиси никакви контакти со луѓе од различна вероисповед и потекло. Затоа кога групи како Исламска држава се обидуваат да привлечат млади луѓе кон својата отровна кауза, тоа им создава чувство на припадност кое можеби им недостасува дома, се вели во говорот на Камерон.
Се очекува тој да објави резултати од анализи како да бидат активно вклучени млади луѓе од етнички малцинства во интегрирање во општеството. Тој ќе го покрене и прашањето за улогата на муслиманската заедница во Велика Британија во борбата против ИД.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ѓорѓиевски сигурен во победата веќе одржа координација со мнозинството од Советот на г. Скопје
-
Мицкоски во Лондон се сретна со кралот Чарлс, потпишан договор за инвестиција со Бурсток
-
Преглед на вестите од светот
-
Обвинителството и инспекциите ја чешлаат Комунална
-
М-НАВ: Граѓанскиот суд постапи исправно
-
Рекордна заинтерсираност за имунизација против сезонскиот грип
-
Се поголем е интересот за угостителско-туристичките струки
-
Преглед на вестите од светот