-->
-->
Јуве го „допингувал“ Ибрахимовиќ?!
-->
Улф Карлсон, поранешен шведски атлетски тренер, го обвини најдобриот шведски фудбалер Златан Ибрахимовиќ дека во минатото користел недозволени сретства.
Карлсон е убеден дека Ибрахимовиќ користел допинг, во време кога бил играч на Јувентус (2004-2006).
„Златан доби десет килограми мускулна маса за само шест месеци во Јувентус. Невозможно е да се направи тоа за толку кратко време“, рекол Карлсон, кој смета дека недозволени сретства користел и Албин Екдал.
„Тие двајца, за разлика од останатите спортисти, беа ослободени од тестови. Екдал за шест месеци доби осум килограми мускулна маса. Двајцата имаа доктор кој претходно беше суспендиран 22 месеци. Убеден сум дека се допингуваа“, дополнил Карлсон.
Обвинувањата на Карлсон од Фудбалскиот сојуз на Шведска ги нарекоа апсурдни.
„За вакви работи не се зборува без конкретни докази. Тоа е она што нé изненадува. Не сакаме да шпекулираме зошто Карлсон тоа го рекол, но апсурдно звучи“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Почнаа разговорите за коалиција
-
Убедливо водство на Силјановска
-
Тема на денот со Љупчо Петковски, политиколог
-
Светските медиуми известуваа за изборите во Македонија
-
Бизнисот очекува политичка промена и исполнување на ветеното
-
ГРОМ призна пораз, ЗНАМ сметаат дека се родила третата опција, Левица очекува повеќе гласови на 8ми мај
-
Преглед на вестите од светот
-
Убедливо водство на Силјановска