Јовески: Обвинителите треба да се првите заштитници на правната држава и човековите права
Јавните обвинители во основите јавни обвинителства се столбовите на обвинителската организација и тие треба да се првите заштитници на правната држава и на почитувањето на човековите права. Ова им го порачал државниот јавен обвинител Љубомир Јовески на колегите од Основното јавно обвинителство Скопје на средбата одржана пред новогодишните празници, веднаш по неговиот избор во Парламентот.
Говорејќи за поставеноста на јавнообвинителската професија, Јовески ја истакнал целта кон која ќе се стреми во натамошното работење, на институцијата и професијата - јавен обвинител да се врати угледот и авторитетот, почитта и законитоста во постапувањето.
Особен акцент, како што е наведено во информацијата на ЈОРМ, Јовески ставил на самостојноста во постапувањето на јавните обвинители, истакнувајќи дека негова заложба која во своето работење им ја гарантира на јавните обвинители е дека нема да бидат изложени на притисоци. Нивна основна задача е да се почитуваат и спроведуваат законите, да се разменуваат правни мислења, да се решаваат предметите во време и на начин кој ќе ја гарантира законитоста.
- Јавното обвинителство на Република Македонија е единствен самостоен државен орган кој е гарант на заштитата на правата на граѓаните на Република Македонија и на владеењето на правото. Токму затоа сите имаме одговорност за своето работење, која во иднина ќе биде квантитативно и квалитативно вреднувана, нагласил државниот јавен обвинител.
На средбата со јавните обвинители од скопското Јавно обвинителство, Јовески побарал во следниот краток период да ги преземат сите потребни дејствија по предметите по кои постапуваат, да се донесат правични и законски одлуки, засновани врз утврдени докази.
На првата работна средба веднаш по неговото назначување, Јовески ги уверил присутните дека наталожените проблеми и прашања кои бараат решенија во институцијата ќе се решаваат и дека угледот на јавното обвинителство ќе соодветствува на законските надлежности и професионалниот повик.
Ново на Сител
-
Мерки на претпазливост за пијаниот возач кој завчера удрил девојка на пешачки – Во февруари казнети 23.844 возачи
-
Што ќе содржи обвинителната одлука за скандалот на Онкологија?
-
Апелација му скрати четири години од казната на Боки 13 за „Рекет“
-
СДСМ предлага закон за зголемување на платите
-
Левица: Плата да се исплаќа до 5ти во месецот
-
Научна конференција: Новите предизвици во високото образование и синдикалното движење
-
Дневен центар за пензионери во Охрид
-
Прилепските извидници прославија 10 години