Македонија
3. March 2025 - 12:22
Дневен центар за пензионери во Охрид
Охрид ќе добие Дневен центар за пензионери.Општината планира овој објект да го смести на имот кој ќе го добие од должник преку купопродажба во извршна постапка. Поради неможност за наплата, општината ќе се стекне со имот чија купопродажната цена пола ќе ја плати а пола ќе ја пребие од побарувањето. Ова е прв ваков случај на локалната самоуправа.
Деловниот простор чиј сопственик ќе стане Општина Охрид се наоѓа околу атрактивната населба Чекоштина.
Во време кога младите масовно се иселуваат од државата, расте бројот на оние кои се осамени и имаат потреба од згрижување. Охридските пензионери години наназад покрај Дом за стари лица бараат и Дневен центар за активно стареење на локално ниво.
-
Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->