Македонија
3. March 2025 - 12:22

СДСМ предлага закон за зголемување на платите

Пратеничката група на СДСМ предлага законско решение за зголемување на платите. Со овој закон работодавачите во приватниот сектор ќе можат да им ги зголемат платите на вработените од 3 до 15 илјади денари без да плаќаат придонеси за тој зголемен дел.

Пратеничката Сања Лукаревска кажа дека законот ќе биде поднесен во законодавниот дом оваа недела и очекува да биде поддржан од мнозинството.