Вработени во Филхармонија на нов протест поради незаконското избирање на нов директор
Синдикатот на Македонска филхармонија повторно на протест го изразија револтот од местењето на изборот на нов директор. Реагираат дека кандидатот Мустафа Имери кој според нив е политички договорен од коалициските партнери не ги исполнувал условите и не доставил комплетна документација. Бараат одговор од министерот зошто спроведува конкурс ако одлуката за нов директор рекол дека може да биде и политичка.
Од Министерството за култура ги отфрлаат тврдењата дека незаконски се води постапката и апелираат до вработените и јавноста да имаат доверба во институционалниот процес кој се води исклучиво по закон.
- Ве информираме дека Комисијата за селекција на кандидати за избор на директор на НУ Филхармонија согласно Законот за општа и управна постапка (ЗОУП) до учесниците во конкурсот достави барање за дополнително појаснување во однос на доставената документација, што било пракса и во минатите постапки за избор на директор на Филхармонијата.
Инаку синдикатот потсетува дека Имери е договорен кадар чие име било објавено уште лани во јуни од страна на првиот вицепремиер во Владата, Изет Меџити. Мустафа Имери е професор по соло пеење во средното музичко училиште во Скопје и естраден уметник.
-
Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар