Јелен: Американските санкции кон други земји се ризик за доларот
Американската министерка за економија Џенет Јелен вчера изјави дека економските санкции воведени од страна на САД, првенствено кон Русија, претставуваат ризик за „хегемонијата“ на доларот, бидејќи санкционираните држави се обидуваат да изнајдат алтернатива за американската валута.
– Постои ризик кога користиме финансиски санкции кои се поврзани со улогата на доларот … Тоа може да ја поткопа хегемонијата на доларот на долг рок … Сепак, доларот се користи како глобална валута и тоа им отежнува на другите земји да најдат алтернатива, изјави Јелен за телевизиската мрежа Си-ен-ен.
Според неа, Кина, Русија, Иран и други земји сакаат да најдат алтернатива за доларот.
Јелен потенцира дека економските санкции се „исклучително важна алатка“ што ја користат земјите сојузници на САД против Русија.
Ново на Сител
-
Седница на Националниот совет за евроинтеграции
-
Околу 2 илјади лица на раб на егзистенција
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Изет Меџити, од Демократско движење
-
„Велигденски Кули“ - Најуникатниот обичај во Македонија
-
Почина папата Франциск
-
Папата Франциск - Единствен кој ја посети Македонија
-
На предлог-извештајот на Вајц за земјава поднесени 313 амандмани