Свет
22. April 2025 - 13:30

Телото на папата утре ќе биде преместено во базиликата Свети Петар

Телото на папата Франциск утре изутрина би можело да биде преместено во базиликата Свети Петар за верниците да можат да му оддадат почит, најави портпаролот на Ватикан Матео Бруни.

На првиот состанок на конгрегацијата на кардиналите беше одлучено погребот на папата да се изврши во сабота, а по последната желба на понтифот тој ќе биде погребан во папската базилика Санта Марија Маџоре, на ридот Есквилин, околу еден километар оддалечен од Колосеумот.

Папата Франциск почина вчера на 88-годишна возраст.

АНСА, повикувајќи се на добро упатени извори, јави дека причина за смртта може да биде церебрално крварење, а не респираторните проблеми што ги имал во последните недели.