Јапонскиот премиер ќе го посети Перл Харбур
Јапонскиот премиер Шинѕо Абе ќе ја посети американската поморска база Перл Харбур, како прв политички лидер од Јапонија кој престојува на Хаваите, соопштено е денеска во Токио.
Соопштението за посетата доаѓа на само два дена пред одбележувањето на 75-годишнината од воздушниот напад на јапонската армија врз базата. Во нападот, извршен во раните утрински часови на 7 декември 1941 година, беа убиени 230 Американци, а Владата на САД веднаш потоа и објави војна на Јапонија и се приклучи на Втората светска војна, на страната на антифашистичката коалиција.
Премиерот Абе ќе престојува на Хаваите на 27 декември, заедно со американскиот претседател Барак Обама.
Неговиот престој на Хаваите доаѓа по посетата на Обама на Хирошима во август годинава, градот каде американската армија во 1945 година прв пат употреби атомско оружје. Од фрлената бомба и од поседиците на новото разорно оружје загинаа околу 150 илјади луге.
- Никогаш повеќе не смееме да дозволиме да се повторат трагедиите од војната, се вели во соопштението на Кабинетот на Абе за најавата на посетата на Хаваите, при што се додава дека со тоа се испраќа порака за помирување меѓу Јапонија и САД.
Во текот на посетата на Перл Харбур, двајцата лидери ќе се молат за сите жртви на местото каде беше извршен нападот пред 75 години.
Подоцна, на Хаваите Абе и Обама ќе го одржат нивниот последен самит пред повлекувањето на американакиот претседател од Белата куќа на 20 јануари.
Ново на Сител
-
Се уште активен пожарот на Јасен
-
МЗ: Странски кардиохирурзи ќе ги проверуваат документациите во приватните и државните болници
-
Адеми: Опасни се изјавите на Филков за ревидирање на Бадентеровото мнозинство
-
Поголем род и повисока откупна цена на грозјето се очекува годинава
-
Вечерва во Штип, хуманитарен концерт во сеќавање на Тоше Проески
-
Од понеделник на над 6 илјади службени возила ќе им се ставаат црвени регистрации
-
Тема на денот со аналитичарот Милан Стефаноски
-
Судење за екс директорот на затворот во Шутка, Филип Андов