Извештај на ММФ
Зголемени ризици за финансиска стабилност, намалени прогнози за раст на економиите. Високите царини на Трамп ја пореметија светската економска сцена, пишува ММФ во најновиот извештај. Не постои земја чија проекција за раст не е ревидирана надолу. Меѓу нив и Македонија. Со 3,2 отсто оваа и следната година, растот е меѓу најниските во регионот. Инфлацијата, според ММФ ќе биде 3,4 отсто. Владините очекувања пак се 3,7% раст и инфалција од 2,2 отсто. Министерката сепак, останува на ставот - нема потреба да ги ревидираат бројките, затоа што, според неа, се оствраливи.
„Соочени со криза, голем дел од евроспките земји ќе бараат пазари со пониски трошоци. Така што очекувам, не дека кај нас трошоците за плати се ниски за работниците, туку вкупно сите трошоци за водење бизниси се пониски. И од тука очекува повеќе странски инвестиции и затоа сметам дека бројката од 3,7% раст е реална.“, изјави Гордана Димитриоска Кочоска, министер за финансии.
За ниските бројки реагира и опозицијата. Според нив, реалниот раст е речиси нула, што значи граѓаните ќе живеат полошо, а ќе плаќаат повеќе.
„Со платите што стагнираат, со стандардот кој паѓа, со инфлацијата што ги јаде заштедите – оваа Влада не го носи народот напред, туку го турка надолу. И тоа го потврдува ММФ,СДСМ побара итно преструктурирање на економските приоритети, со фокус на зголемување на продуктивноста и вистинска борба против сиромаштијата, наместо само козметички мерки и политички маркетинг.“ изјави Богданка Кузеска, портпарол на СДСМ.
Расте и нестабилноста на финансиските пазари. Условите за кредитирање се заоструваат, каматите се зголемуваат, додека нивоата на државен долг растат ширум светот. Според ММФ, велат дека ова особено ќе ги погоди земјите во развој, кои имаат долгови за враќање. Но Кочоска смета дека она што го бара ММФ веќе се реазлизира кај нас, иако со побавно темпо.
„Ние треба да се фокусираме повеќе во делот на фискалната консолидација. Не дека не го правиме тоа, но не со толкаво темпо колку што очекува ММФ. Работите не можат да се сменат преку ноќ, треба време. Ние тоа го правиме, но по бавно.“, додава Кочосока.
Помал раст и повисока инфлација од првичните прогнози објави и Народната банка. Неизвеснота околу идните случувања, посебно од трговските политики и случувања во еконоииите на нашите најголеми трговски партнери е висока, истакнале во анкетатат економситети. Токму поради тоа наместо стапката на инфлација да изнесува 3, таа е зголемена на 3,7 отсо. Растот на економијата пак годинава ќе достигне 3,1, наспроти очекувањата од 3,3, објави Народната банка.
-
Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар