Израел се подготвува за можен конфликт со Иран, тврдат функционери
Највисоки израелски безбедносни службеници се подготвуваат за можноста за вооружен конфликт со најголемиот непријател Иран и неговите сојузници.
– Ако терористичкиот режим набави нуклеарно оружје, ние мора да дејствуваме, рече израелскиот министер за надворешни работи Јаир Лапид во октомври.
Иран тврди дека ја развива својата нуклеарна програма само за мирољубиви цели.
Техеран се подготвува да ги продолжи нуклеарните преговори со големите сили овој месец, бидејќи договорот за ограничување на иранската нуклеарна програма од 2015 година пропадна по повлекувањето на САД три години подоцна.
– Војската продолжи да дејствува против нашите непријатели во тајни операции и мисии во текот на изминатата година, им рече Кохави на пратениците на вчерашниот состанок на парламентарната комисија за надворешни работи и одбрана.
Тој го изјави ова по серијата воздушни напади врз соседна Сирија кои му се припишуваат на Израел.
Земјата изврши стотици напади врз воени цели поврзани со Иран во Сирија во изминатата деценија, но ретко презема одговорност за таквите операции.
Израелските лидери велат дека присуството на Иран на северната граница на Израел е црвена линија и оти израелската армија ги напаѓа испораките на оружје наменети за либанскиот проирански екстремистички Хезболах и објектите поврзани со Иран во Сирија.
За време на посетата на фабриката за одбранбена индустрија во градот Шломи во близина на границата со Либан, израелскиот министер за одбрана Бени Ганц рече дека Израел „цело време работи на спречување војна преку спроведување операции, испраќање пораки и спречување (воено) зајакнување“.
– Ќе бидеме подготвени да извршиме операции кои досега не биле видени со средства кои не ни биле достапни во минатото и ќе го оштетиме срцето на тероризмот и неговите способности, рече Ганц, објаснувајќи што ќе се случи во случај на војна.
Ново на Сител
-

Новата цена на струјата ќе се знае наскоро, Владата ќе ја утврдува на затворена седница
-

Пропадна тендерот за избор на изведувач за Универзална сала
-

Почнуваат 16-те денови на активизам против насилството врз жените
-

Преглед на вестите од светот
-

Продолжува судењето за пожарот во Пулс
-

Премиерот не е задоволен од работата на Обвинителството
-

Климатските промени влијаат врз економиите
-

Пропадна тендерот за Универзална сала
