Израел ја зајакнува северната граница поради закани од Хезболах

Израелската војска соопшти денеска дека ја зајакнува северната граница со пешадиски единици „согласно проценките за ситуацијата“.
Соопштението следува откако либанското екстремистичко движење Хезболах се закани дека ќе се одмазди за нападот извршен на почетокот од неделава, во кој беше убиен еден припадник на движењето во близина на Меѓународниот аеродром Дамаск во Сирија.
Хезболах и претходно се заканувал дека ќе се одмаздува за своите борци кои Израел ги убива во Сирија.
Израел засега нема коментар во врска со извршениот напад пред неколку дена и обично не дискутира за своите активности во Сирија, но се претпоставува дека има извршено стотици напади врз проирански сили за време на сириската граѓанска војна која трае речиси една деценија. Техеран во последните години има испратено илјадници борци кои се приклучиле на сириските владини сили.
Ново на Сител
-

Македонија ќе има индиректен бенефит од крајот на војната во Украина
-

Бебиња со респираторни инфекции ја полнат Детската клиника
-

Депонијата Буково канцерогена бомба
-

Костенот едно од традиционалните бележја во Македонски Брод
-

Преглед на вестите од светот
-

Поплави во југозападна Македонија – Жителите најавуваат тужби за штетите
-

Тема на денот со Зијадин Села, претседател на Алијанса за Албанците
-

Три години казна затвор за Асани во случајот со Веапоска
