Loading Video...
Свет
23. November 2025 - 16:24

Преглед на вестите од светот

Мировнит план на САД за Украина во фокусот на  разговрите во Женева, на кои учестуваат Високи претставници на САД и на Украина, како и советниците за национална безбедност на Франција, Велика Британија и Германија.

Планот од 28 точки  бара големи отстапки од Украина а ги подружува клучните воените барања на Русија, што предвика  загриженост кај украинските власти и европските сојузници.

Европските лидерите истакаа  дека планот  може да послучи како добра основа за мир  но инсистираат на „дополнителна работа“, особено во однос на територијалниот интегритет,  ограничувањата на украинската армија и безбендосните гаранции од САД.

Бараат Украина да биде заштитена од САД со гаранции слични на Членот 5 од НАТО, без ограничувања за украинските вооружени сили и користење на замрзнати руски средства за обнова на Украина а разговорите со Русија за какви било териториски размени можат да се случат само откако ќе престане војната по сегашната линија на фронтот.

-Еден од елементите во планот е безбедносната гаранција од САД според Член 5-најсилната гаранција што може да се предложи за да се зајакне вербата дека она што сите ние се обидуваме да го постигнеме овде е праведен и траен мир. Но, тој ќе биде таков само ако има безбедносни гаранции. И ако имаме предвид дека она што е важно за Украина, секогаш ќе го одредува Украина“, изјави Кир Стармер – премиер на Обединетото Кралство.

Трамп порача дека  планот  не е конечна  понуда, повлекувајќи се од претходните закани кон Киев дека до 27 ноември  треба да го одобри планот.

-Не, не е мојата последна понуда. Не, би сакале да постигнеме мир. Требаше да биде, требаше да се случи одамна. Војната во Украина со Русија никогаш не требаше да се случи. Да бев претседател, никогаш немаше да се случи. Се обидуваме да ја завршиме. На еден или друг начин мора да ја завршиме.“

Трамп во Женева ги испрати државниот секретар Марко Рубио и специјалниот пратеник Стив Витков, украинскаата делегација ја предводи Андриј Јермак, шеф на претседателскиот кабинет.

Албанија е погодена од обилни дождови кои предизвикаа големи поплави низ целата земја. Регистрирана е една жртва додека илјадници домови и земјоделски површини се под вода.

Стотина  семејства се евакуирани од загрозените подрачја. Најпогодени се регионите Лежа, Пешкопеја, Фиер, Берат, Корча, Ѓирокастро и Валона, Во операциите за спасување и евакуација, дистрибуција на храна и зајакнување на насипите и браните, активно е вклучена и албанската армија.

Во Република Српска се одржуваат  предвремни претседателски избори, отккао Милорад Додиќ беше отстранет од функцијата од страна судот на БиХ и доби забрана да се занимава со политика шест години.

Меѓу шесте кандидати за претседателската функција, има двајца фаворити - Синиша Каран, актуелен министер во владата на РС и кандидат на владејачката Алијанса на независни социјалдемократи (СНСД), отворено поддржан од Милорад Додик и Бранко Блануша, професор на Факултетот за електротехника во Бања Лука, кандидат на Српската демократска партија.

Право на глас имаат околу 1, 2 милиони граѓани.  Новоизбраниот претседател на Република Српска ќе ја извршува функцијата до редовните избори закажани за октомври 2026 година.