Изградба на пристапни патеки во Делчево
Во тек се градежни активности за изградба на неколку пристапни патеки во Делчево. Како што информираа од општина Делчево во моментот се работи на поплочување на пристапна патека на улица „Пијанечка“ во населбата Ново Делчево, патека во должина од 25 метри со ширина до 4,5 метри. Градежните работи за оваа активност ги извршува ЈПКД „Брегалница“ на иницијатива на Општина Делчево.
Според градоначалникот Горан Трајковски со оваа интервенција ќе им се овозможи полесен пристап и ќе биде олеснето движењето на граѓаните во овој дел од градот.
- Општина Делчево одговара на потребите и на барањето на жителите кои досега често реагираа, бидејќи во урбаната населба тие газеа кал. Овие улички се пристапни и во површина се мали, но создаваат големи проблеми на жителите кои овде живеат, посебно на инвалидните и на старите лица. Евидентен е овој проблем, а ние сме детектирале неколку вакви улички. Следната уличка која ќе се поплочува со бехатон е во населбата Трети реон, рече Трајковски.
Претходно, ЈПКД „Брегалница“ ја поплочи со бехатон пристапната патека покрај поштата во Делчево во строгиот центар на градот, а според најавите од општината поплочувањето на вакви улички ќе продолжи и во наредниот период.
Ново на Сител
-
По изборите одлука на Уставен за Законот за јазиците
-
Над 20 судии, обвинители и адвокати за судиското место во Стразбур
-
Тема на денот со Марјан Ристески, заменик министер за економија и труд
-
Средба Мицкоски - Таравари ќе има, Ахмети не разговарал со Алијанса за општини
-
Фетаи со честитка за „Слободна зона Карадак„ - Избриша видео со знаме на голема Албанија
-
Мерките завршија, граѓаните стравуваат од нагло поскапување во маркетите
-
Јавниот долг на најниско ниво во последните 5 години
-
Македонија падна за шест места на Индексот за слобода на медиумите