Изборот и напредувањето во правосудните институции, тема на работната група Правосудство и основни права
Националната конвенција за Европската Унија во Северна Македонија денеска ќе биде домаќин на дванаесеттата сесија на Работната група 3 – Правосудство и основни права (Поглавје 23) на тема „Изборот и напредувањето во правосудните институции - Преку поголема транспарентност и квалитет, до зголемување на довербата на граѓаните во правосудството“, во организација на Европското движење.
Како што е најавено, воведно обраќање ќе има Викторија Аврамовска Мадиќ, заменик министер за правда, а меѓу учесниците ќе бидат Милева Ѓуровска, професор, национален координатор на НКЕУ-МК, претседател на Европско движење ЕМ-МК, Мухамед ХАЛИЛИ, Амбасадор, претседател на Совет на амбасадори, Никола Тупанчески, НКЕУ-МК Експерт, Христоф Харсдорф, поранешен судија и обвинител, германски и ЕУ правен експерт, како и Ана Павловска - Данева, професор, Правен факултет „Јустинијан први“ – Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, Фатиме Фетаи, јавен обвинител, вишо јавно обвинителство – Скопје, Дарко Аврамовски, извршен директор, коалиција „Сите за правично судење“ и Симонида Кацарска, директорка, Институт за европска политика – Скопје.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Мирче Адамчевски
-
Таравари дефинитивно излегува од Влада, Мицкоски му посака среќа и добро здравје
-
Ахмети се антиквизира
-
Македонија со поддршка за формирање на суд за воени злосторства во Украина
-
Муцунски во Шведска
-
Мицкоски е подготвен да оди во Кочани да разговара со родителите на загинатите во “Пулс”
-
Интернационален тим лекари 6 недели обучуваа свои колеги за рехабилитација на повредните во Кочани
-
Син со секира го уби својот татко