Иванов: Крајно време е светот да се обедини во одбрана на споделените вредности

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска во Амбасадата на Република Турција во Скопје се потпиша во книгата на жалост, отворена по терористичкиот напад на меѓународниот аеродром во Истанбул.
- Во овие тешки моменти Република Македонија е солидарна со Република Турција и Ве охрабрува решително да се соочите со заканата од тероризмот во заштита на слободата, безбедноста и вредностите на Вашите граѓани и поредокот на Вашата држава. Крајно време е светот да се обедини во одбрана на споделените вредности. Нашите мисли и молитви се со Вас и со семејствата на жртвите“, напиша претседателот Иванов во отворената книга на жалост.
По повод терористичкиот напад во Истанбул, претседателот Иванов вчера упати писмо со сочувство до претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, во коe најостро го осуди овој подмолен и насилен варварски чин.
- Во отсуство на таквата неопходна соработка, никој и никаде нема да биде безбеден. Затоа, крајно време е светот да се обедини во одбрана на споделените вредности. Ве уверувам дека во овие тешки моменти Република Македонија е солидарна со Република Турција и Ве охрабрувам одлучно да се соочите со заканата од тероризмот во заштита на слободата, безбедноста и вредностите на Вашите граѓани и поредокот на Вашата држава, се вели во телеграмата со сочувство од претседателот Иванов до турскиот претседател Ердоган.
Ново на Сител
-

Неизвесна судбината на Лукоил во Европа
-

Директорот на Агенцијата за поддршка на земјоделството осомничен за примање поткуп од 50 илјади евра
-

Тема на денот со Јане Војаџиевски, новинар од Вашингтон
-

Тема на денот со Мирјана Пантиќ, универзитетска професорка од Њујорк
-

Директорот на Агенцијата за поддршка на земјоделството осомничен за примање поткуп од 50 илјади евра
-

Ремонт на градски воз
-

Даме Димитровски од ВМРО-ДПМНЕ избран за нов претседател на советот на Град Скопје
-

Скопје се чисти, а од понеделник нови 55 приватни автобуси ќе возат низ градот
