Ивана и Меланија Трамп во борба околу тоа која е првата дама на САД
Првата сопруга на американскиот претседател Доналд Трамп, Ивана, и актуелната, трета сопруга, Меланија, се спречкаа околу тоа која има право да го користи епитетот „прва дама на САД“.
Судирот беше предизвикан од промотивната кампања која Ивана Трамп ја води за својата нова книга, насловена „Растејќи го Трамп“, и во која раскажува за животот со Доналд и нивните три деца, Доналд Јуниор, Иванка и Ерик.
Во интервју за емисијата „Добро утро Америка“, Ивана Трамп изјави дека има директна линија со претседателот, се слуша со него секои две недели и дека се чувствува како прва сопруга, - Јас сум првата дама, ок?, изјави таа.
Меланија Трамп возврати преку нејзината портпаролка Стефани Гришам.
- Домот на г-ѓа Трамп е во Белата куќа, каде живее заедно со синот Барон и со претседателот. Таа ужива во животот во Вашингтон и е почестена со тоа што ја носи титулата прва дама на САД, изјави Гришам во име на Меланија Трамп, додавајќи дека вистинската прва дама „планира да ја искористи својата титула за да им помогне на децата, а не да продава книги“.
Доналд Трамп беше оженет три пати, со чешката манекенка Ивана Зелничкова (1977-1992), со актерката Марла Мејлпс (1993-1999) со која ја има ќерката Тифани, и со словенечката манекенка Меланија Кнаус (од 2005), со која го има синот Барон.
Во првите месеци од претседателството на Доналд Трамп, додека Меланија се уште живееше во Њујорк, некои од американските медиуми како де факто прва дама на САД ја прогласија неговата ќерка Иванка, која е и советничка на претседателот.
Ново на Сител
-
Сопартијците на Таравари одлучуваат за иднината во Вреди
-
Сопартијците на Таравари одлучуваат за иднината во коалицијата Вреди
-
Тема на денот со Сефер Селими, политички аналитичар
-
Не успеа обидот на ДУИ за надзорна расправа за Кочани
-
Тошковски за ДУИ, СДСМ и Левица – политички паразити на кои им пречи расчистување со криминалот
-
Шест закони под лупа на антикорупциска
-
Таравари: Ќе има одговорност ако се утврдат пропусти кај третманот на 57 годишниот пациент кој почина на Кардиохирургија
-
Финансиска полиција и ОЈО ја тресат ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Прилеп