Свет
23. November 2016 - 12:41

Италијанската полиција уапси 45 лица за меѓународен шверц со наркотици

Италијанската полиција во Милано уапси 45 лица осомничени за вклученост во меѓународна трговија со дрога, соопшти денеска миланското Обвинителството.

Како што јави Танјуг, групата оперирала во Албанија, Холандија, Италија и Перу, а уапсените се државјани на Италија и на земји од Јужна Америка.

Полицијата ги сомничи уапсените дека во областа на Милано продавале кокаин, што го набавувале од Перу и Холандија, како и марихуана од Албанија.

- Апсењата следат по тригодишна истрага, наведе полицијата.