Преглед на вестите од светот
Само што почнав, сè уште ништо не сте виделе, кажа трамп за своите први 100 дена во белата куќа На собирот во Ворен, Мичиген , 100 дена на власт ги нарече револуција на здравиот разум.
- Ова се најдобрите велат 100 дена од почеток на кој било претседател во историјата. И сите го велат тоа. И само што започнавме. Се уште не сте виделе ништо, се започнува да има придонес“
Се пофали дека економијата се подобрува, а за глобалната трговска војна што ја почна рече дека ќе донесе добри договори за сад.
Со моите царини во кина, ставаме крај на најголемата кражба на работни места во историјата на светот. Кина ни зеде повеќе работни места отколку која било земја досега од друга земја. Тие сакаат да склучат договор и ние ќе направиме договор, но тоа ќе биде фер договор. Нема да биде договор да губиме трилиони долари годишно како што направија со Бајден, нагласи Доналд Трамп, претседател на САД.
За неговата строга имиграциска политика оцени дека дава резулат. Трамп направи и големи промени и во образованата политика со затворање на на министерството за образование и усаид. Што се однесува за војната во Украина, тој не успеа да го исполни ветувањето дека ке донесе мир во Украина во првите 24 часа откако ќе седне во претседателска фотеља. Според демократите 100 дена владееење на Трамп, ја направиле Америка помалку безбедна и поскапа. Според анкетата на „Галуп“, Трамп е првиот претседател по втората светска војна чија популарност паднала под 50% во првите 100 дена и сега изнесува 44%.
Индија планира воен напад на пакистан во следените 24 до 36 часа тврдат пакситанските власти. Според исламабад , Њу Делхи како повод за нападот ќе го искористи неодамешниот инцидент во индискиот дел на Кашмир кога беа убиени 26 индиски туристи.
-Пакистан располага со веродостојни разузнавачки информации дека Индија има намера да изврши воена акција против Пакистан во следните 24 до 36 часа под изговор за неосновани и измислени наводи за вмешаност во инцидентот во Пахалгам. Пакистан повторува дека на секој таков воен авантуризам од индија ќе се одговори сигурно и решително изајви пакистанскиот министер за инфорации атаула тарар.
Индискиот премиер Нарендра Моди го обвини Пакистан дека ги поддржува милитантите кои го извршија нападот во пахалгам на 22 април , што беше отфрлено од Исламабад. Од нападот, нуклеарно вооружените нации воведоа низа мерки едни против други, при што Индија го прекина критичниот договор за водите на Инд, а Пакистан го затвори својот воздушен простор за индиските авиокомпании. Кина, САД д и ОН ги повикаа двете земји да ги смират тензиите.
Социјалдемократите ја прифатија коалцијата со конзервативниот блок ЦДУ/ЦСУ со што се отвора патот за формирање на новата германска влада. На 6 мај Бундестагот ќе гласа за нов канцелар. За таа фунцкија ќе биде предложен лидерот на ЦДУ, Фридрих Мерц. Блокот ЦДУ/ЦСУ победи на сојузните избори на 26 февруари, а социјадемократиет завршите трети. Претходната влада ја предводеше социјалдемократот Олаф Шолц.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар