Loading Video...
Свет
29. April 2025 - 19:57

Преглед на вестите од светот

Снабдувањето со електрична енергија во Шпанија и Португалија е нормализирано. Грѓаните го прославија враќањето на струјата со аплаузи, песни и танцување по улиците. Шпанија  и Португалија повеќе од десет часа беа без  електрична енергија што доведе до серизони нарушувања во транспортот, комунакациите и основните услуги. Причината за прекинот на електричната енергија се уште не позната.

Либерална партија победи на парламентраните избори во Канада и ја задржа власта. Премиерот и лидерот на либеарите Марк Карни во победничкиот говор му испарти јасна порака на Трамп за тарифите и неговите закани дека Канада ќе биде 51 држава на САД. Ова е Канада и ние одлучуваме што ќе се случи, а не америкаскиот претседател, порача Карни.

-Америка ја посакува нашата земја, нашите ресурси, нашата држава. Никогаш! Но, ова не се безопасни закани. Претседателот Трамп сака да нѐ скрши, за Америка да може да нѐ поседува. Тоа никогаш, никогаш нема да се случи. Нашите стари односи со САД, односи засновани на постепено зголемување на интеграцијата, завршија. Кога ќе седнам со претседателот Трамп, ќе разговарам за идниот економски и безбедносен однос помеѓу две суверени нации, изјави Марк Карни – премиер на Канада.

Лидерот на опозициската конзервативна партија на Канада, Пјер Пољевер, го призна поразот и му честита на победникот. Либералите се на власт во послдените девет години. Бидејќи гласовите сè уште се пребројуваат, прерано е да се каже дали партијата на Карни ќе има доволен број пратеници за самостојно да формира влада или ќе мора да се потре на други партии за да владее.

Украинскиот претседател Зеленски повика на итен, едномесечен прекин на огнот откако рускиот претседател Путин еднострано најави тридневен прекин на огнот од 8 до 10 мај, по повод одбележувањето на 80-годишнината од победата во Втората светска војна. Според Зеленски нема потреба да се чека до 8 мај за прекин на огнот.

-Сега има нов обид за манипулација: Од некоја причина, сите мора да чекаат до 8 мај и дури потоа да го прекине огнот, за да му обезбедиме на Путин молк за време на парадата. Огнот мора да се запред не само на неколку дена, за потоа да продолжи убивањето. Мора да биде итен, целосен и безусловен прекин на огнот – или најмалку 30 дена за да се осигури дека е безбеден и гарантиран. Ова е основата што може да обезбеди основа за вистинска дипломатија, вели Володимир Зеленски, претседател на Украина.

Путин го повика Зеленски да го прифати неговиот предлог за мини примирје. Ако двете страни се придржуваат до примирјето, тоа би бил прв целосен прекин на огнот од почетокот на конфликтот во Украина пред повеќе од три години.