Истражување: Една четвртина од младите во Србија не се вработени, ниту се школуваат
Една четвртина од младите меѓу 15 и 30 години во Србија не се вработени, не се школуваат, ниту се усовршуваат на некој друг начин, покажа истражување во рамките на проектот „Мрежи на младински фондови во Западен Балкан и Турција“.
Проектот во наредните четири години ќе се организира во Србија, Црна Гора, Албанија, Македонија и во Турција. Во Србија проектот го спроведува Фондација „Ана и Владе Дивац“.
- Во Србија стапката на НЕЕТ (сите граѓани кои не се вработени, не се школуваат, ниту се усовршуваат на некој друг начин) за млади меѓу 15 и 30 години изнесува 25,2 отсто, додека во Европската унија изнесува 14,8 проценти. Што се однесува на младите од 15 до 24 години, тој процент е 19,7 во Србија, наспроти 12 отсто во ЕУ, се наведува во истражувањето.
Според истражувањето, најголеми шанси да се најдат во оваа група имаат младите со низок степен на образование, мигрантите, децата од разведени бракови, децата чии родители подолго време се невработени и младите од сиромашни семејства.
Ново на Сител
-
И годинава ниеден македонски универзитет не се најде на Шангајската листа
-
Македонија шеста во светот по странски инвестиции според големината на економијата
-
Премиерот најави казни против маркетите и мерки кај услугите
-
Муцунски: Каква и да е одлуката на Уставен, нема да влијае на преговарачката рамка
-
Уште една бурна ноќ во Србија - 114 приведени, 75 повредени полицајци
-
Активни два пожара - Јасен и Јегуновце
-
Во касарната Јане Сандански - Штип презентирани нови 29 лесни оклопни возила - JLTV од САД
-
Охрид и Струга нудат услови за конгресен туризам