Интернетот збудале по телохранителот на Адел

Британската пејачка Адел пред неколку недели предизвика вистинско воодушевување, откако го најави своето враќање на музичката свена со привиот сингл „Hello“ од новиот албум.
Потоа уште еднаш ги разбранува духовите со најавата на нејзината турнеа за 2016 година, но некој сепак успеа да ја турне во втор план.
Тоа не е некоја друга пејачка, туку на нејзиниот нов телохранител за кој не престанува да се говори на интернет. Дури и оние кои не се обожуватели на Адел, се согласуваат дека нејзиниот телохранител е „вистинско парче“.

Ако се земе предвид дека е висок, добро граден и со убави сини очи, не е ни чудо што стана интернет сензација,
Неговото име е Питер ван дер Вен и од неодамна ја чува една од најголемите музички ѕвезди на денешницата. Пред Адел, Питер бил телохранител на Лејди Гага и на раперката Иги Азалија.

Инаку, Питер е поранешен бодибилдер и Мистер на Европа за 2005 година.
Ново на Сител
-

Обвинителството бара притвор за директорот на Комунална хигиена поради несобирање на ѓубрето во Скопје
-

Нова еколошката закана за Вардар: Граѓаните згрозени, дали институциите преземаат мерки?
-

ДИК: Избрани 44 градоначалници во прв круг, гласање во втор круг во 33 општини
-

3 дена до изборен молк, кандидатите ја бараат поддршката со конкретни проекти
-

Буџетот во 2026 година ќе тежи 6,7 милијарди евра
-

Меѓународен форум за енергетика
-

Академијата за обука на административните службеници ќе стартува во 2027
-

Преглед на вестите од светот
