-->
-->
И мртов нема мир: Запален автомобил на битолчанец
-->
Ноќеска околу 00.50 часот во Битола на ул. „Питу Гули“ опожарено било патничко моторно возило „БМВ“ сопственост на Б.Р., кој е починат.
Пожарот го забележал граѓанин, кој додека седел дома најпрво слушнал пукање , а по кратко време и тап удар по што забележал дека наведеното возило е во пламен.
Потоа, пожарот го пријавил во Територијалната противпожарна единица Битола. Во пожарот оштетени се хаубата, покривот, двете предни врати, сите стакла и целата внатрешност на возилото. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Битола.
Се преземаат мерки за утврдување на причините за настанување на пожарот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Матните настани за корупција, институциите да ги сфаќаат сериозно
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министер за образование
-
Антонио Јолески ја изгуби битката во Управниот суд
-
Мицкоски: Стана пракса амбасадорите да се мешаат во внатрешните работи на државата
-
Мицкоски: Ќе бара ли Софија Бугари и во албанскиот Устав
-
Маричиќ, Шаќири и Бајрами ќе добијат апанажа
-
Поранешно „Македонија пат“ во катастрофална состојба: Изгорело возило вредно 200.000 евра
-
Скапите акцелератори набавени пред една деценија се уште не се во функција на пациентите