И лани граѓаните најмногу гледале Сител
Повеќето од испитаниците во анкетата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелните медиумски услуги одговориле дека лани на дневна и неделна основа гледале „Сител“. На дневна основа „Сител“ гледале 38,85 отсто, објави Макфакс.
Податоците од истражувањето на АВМУ покажа дека во сите четири квартали оваа национална телевизија била најгледана. Според анкетата на Агенцијата, на неделно ниво „Сител“ ја следеле 52,85 отсто од испитаниците.
Веднаш по неа, дневно гледачите најмногу ја следеле „Канал 5“, со 30,84 отсто, а потоа се „Телма“ и „Алсат-М“. Јавниот радиодифузен сервис е на петтото место во оваа категорија, а зад МТВ1 се „ТВ 24“ и „Алфа“. Од осмото до единаесеттото место се странските канали „Фокс“, „Спорт клуб“, „Дискавери“, „Нешнл џиографик“.
35,5 отсто од испитанците изјавиле дека најмногу гледаат вести, 20,4 отсто информативна програма, 10,8 отсто забавна и музичка програма, 9,7 отсто сериски филмови.
Анкетирањето е направено со CATI-метода – телефонско интервју со помош на компјутер. Вкупниот примерок го сочинуваат 9.600 испитаници.
Ново на Сител
-
Македонските патишта не се безбедни, но и возачите пребрзо возат
-
Православните христијани ја слават Велика сабота
-
Голема раздвиженост за Велигденските празници во Охрид
-
Католиците го слават Велигден
-
Трагедијата во Кочани во фокус на партиските обвинувања
-
Во странски центри на лекување се 44-ца повредени во пожарот во клубот во Кочани
-
ВМРО-ДПМНЕ до СДСМ: Што е тоа што ве тера да ја понижувате државата?
-
Ристески: Со објавувањето на цените на производите на интернет очекуваме голем бенефит за граѓаните, нема простор за одложување на оваа мерка