ВМРО-ДПМНЕ до СДСМ: Што е тоа што ве тера да ја понижувате државата?
Власта и опозицијата со нови обвинувања по пораките на еврокомесарката за проширување Марта Кос и потврдата дека нема гаранции дека ќе запрат бугарските барања и при евентуални уставни измени.
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ бара одговори од опозицијата зошто ги бранат позициите на официјална Софија која најавува уште барања во интеграциите на Македонија. Ги прашаа од опозицијата што е тоа што ги тера да ја понижуваат државата и да ги рушат државните позиции.
И по ваквите обвинувања, опозицијата тврди дека бугарските барања можат дамо да бидат во склоп на европскиот процес. Обврските за Македонија биле јасни и дел од преговарачката рамка.
И покрај заканите од Бугарија дека менувањето на Уставот е само почеток на нивните барања, македонската влада најавува интензивирање на дипломатската офанзива, а македонскитге позиции ќе ги слушнат сите. За власта стратешки приоритет останува спроведувањето на реформската агенда.
-
Ивана Соколовиќ Најдова
Сите содржини од овој новинар