Македонија
19. April 2025 - 16:54
Голема раздвиженост за Велигденските празници во Охрид
Охрид полн со туристи од земјава и странство за Велигденските празници. Продолжениот викенд ги исполни сместувачките капацитети на охридската ривиера.
Голема раздвиженост има низ чаршијат, кејот и стариот дел од градот а место повеќе се бара и во рестораните и кафетериите.
Со примамливи пакет аранжани хотелиерите ги привлекуваат гостите иако цените во туристичко-угостителскиот сектор бележат зголемување, според туристичките работници, Охрид и натаму е најевтина дестинација во регионот.
По традиција, велигденските и првомајските празници се репер за успешноста на претстојната туристичка сезона. Туристичките работници задоволни од исполнетоста очекуваат плодно лето.
-
Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->