-->
-->
Христовски: Индустриската зона во Крушево инфраструктурно оспособена за инвестициски проекти
-->
Инфраструктурните и економските развојни планови на општина Крушево и можностите кои со нив се отвораат за привлекување на нови странски инвеститори, биле темите на разговор на средбата меѓу министерката без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска со градоначалникот на општина Крушево, Томе Христоски.Апостолска, како што соопштија од нејзиниот кабинет, истакнала дека намерата на Владата е економскиот раст и развој на земјава да го постави на здрави темели преку успешни интеракции на домашни и странски компании, притоа поддржувајќи го домашното стопанство во зајакнувањето на неговите технолошки капацитети и организациони способности, а кои би соодветствувале на потребите и барањата на технолошки напредни странски компании.
Од страна на градоначалникот Христоски биле претставени потенцијални локации за реализација на нови гринфилд и браунфилд странски инвестиции во општината, при што нагласил дека индустриската зона е финализирана и инфраструктурно оспособена за реализација на конкретни инвестициски проекти.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Шведска со порака: Уставните измени мора да се спроведат
-

Ден на даночните работници
-

АДКОМ и РКЕ со иницијатива за нов тарифен модел за водните услуги
-

Да не дозволиме попреченоста да го дефинира човекот како личност
-

Преглед на вестите од светот
-

Mицкоски: Градинките и училиштата ни се приоритет, наместо платите на судиите и обвинителите
-

Teма на денот со Лилјана Поповска, поранешна пратеничка
-

Пет ученици се хоспитализирани од О.У „Димо Хаџи Димов”, причината за симптомите ќе се знае утре
