Македонија
28. November 2025 - 12:17
Шведска со порака: Уставните измени мора да се спроведат
Македонија мора да ги спроведе уставните измени и да работи на реформите, а потоа со нетрпение ве очекуваме во Европската Унија – ваква порака испрати министерката за европски прашања на Шведска, која е во посета на Скопје.
На средба со македонскиот домаќин Орхан Муртезани, Розенкранц ја потврдила поддршката на Шведска за прошиорувањето на унијата и интеграциите на Македонија.
Муртезани пак порача дека земјава посветено работи на исполнување на обврските, но истакна дека процесот на проширување не треба да се базира на билатерални спорови, туку на систем на заслуги.
-->
-->
