Македонија
28. November 2025 - 12:16

АДКОМ и РКЕ со иницијатива за нов тарифен модел за водните услуги

Неопходно е ревидирање и подобрување на постојната процедура за утврдување на цените на водните услуги.

АДКОМ и РКЕ преку стручна и контруктивна дискусија пред претставници на релевантните институции и засегнатите страни, ја претставија иницијативата, со цел да се обезбеди одржлив, фер и транспарентен тарифен систем кој ќе го подобри работењето на јавните комунални претпријатија и ќе понуди решенија за нивна финансиска оддржливост. 

- Ќе понудиме поголема стабилност при одредување на цената, која ќе ги одсликува реалните потреби на претпријатијата од аспект на инвестиции, одржување и инвестирање во нови технологии, а сето тоа ќе резултира со подобрена услуга која на крај ќе ја искористат граѓаните на нашата држава, изјави Лирим Сулејмани, заменик претседател на РКЕ

Според постојниот модел, Регулаторната комисија дава минимална и максимална цена за водните услуги, а Советите на општините од политички и социо-економски причини, најчесто ја одбираа пониската понуда, која не ги подобрува економските перформанси на претпријатијата, и не ги намалува загубите на вода, кои во просек во Македонија изнесуваат 64%. Носењето на конечната одлука од страна на регулаторот не значи одземање на ингеренциите на општините.

- Ова напротив, е преземање на одговорноста и обврската од општините и Советите на општините од страна на Регулаторна комисија, бидејќи тоа е и наша основна функција како регулатор, додаде Сулејмани

- При пресметка на методологијата за утврдување на крајната цена, РКЕ ги разгледува темелно, структурално и функционално и ги анализира сите податоци и индикатори, економски и финансиски во определување на самата цена. Токму тие факти се гарант за јавните претпријатија да добијат добра финансиска импликација и да бидат стабилни во дејноста што ја извршуваат, изјави Фатон Амбари, член на РКЕ

Голем број јавни претпријатија продуцираат загуби или се на прагот на рентабилност.

- Финансиската нестабилност на ЈКП-ја се должи најмногу на тоа што најголем дел од вкупните приходите одат за плаќање на обврските, посебно во делот на потрошена електрична енергија и исплата на плата на вработените. Сето тоа не коиндицира со зголемувањето на цената на водата, бидејќи секогаш се оди на најниската ставка за определување на цена на вода, изјави Марија Валакова, Престедател на Комисија за правни работи и човечки ресурси на АДКОМ

Доколку инцијативата не биде усвоена, како последица ќе има презадолжени ЈКП-ја, зависни од донации, енормни загуби на вода, немотивиран и несоодветен кадар и пад на квалитетот на услугата.