Христо Иванов: Треба да се искористи можноста за рестарт на односите со Скопје и да се почне со подавање рака
Рано е да се даваат оценки за пристапот на бугарскиот премиер Кирил Петков во однос на „исклучително сложениот проблем“ со Северна Македонија, но треба да се искористи можноста за рестарт на односите и да се почне со позитивен тон, изјави денеска копретседателот на блокот Демократска Бугарија Христо Иванов, во врска со напнатоста во односите меѓу Петков и бугарскиот претседател Румен Радев и Петков.
– Демократска Бугарија смета дека треба да се испроба очигледната можност за рестарт на односите меѓу Софија и Скопје со новите влади во двете земји. Треба да се започне со добро и со подавање рака во еден позитивен тон, рече Иванов.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, Иванов даде поддршка за напорите на Петков да се даде поттик во позитивен дух.
Според него, одбивањето на бугарската вицепремиерка и министерка економија и индустрија Корнелија Нинова да замине во првата средба на Работна за економија, трговија и иновации меѓу Северна Македонија и Бугарија во Скопје, е основано, бидејќи станува збор за нејзина реакција на средбата на претседателот Стево Пендаровски со претставници на ОМО „Илинден“. Сепак, според него, критиката за посетата на премиерот Петков на Скопје е неумесна.
Од друга страна, пратеникот од опозициската партија Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ) во бугарското Народно собрание Тома Биков, изјави дека е очигледно оти има конфликт меѓу претседателот и премиерот во Бугарија. Според Биков, темата Северна Македонија била само повод тие недоразбирања да станат очигледни.
Биков смета дека тој конфликт е резултат од начинот на кој било сменето раководството на државната гасна компанија „Булгаргаз“ и воопшто од правењето на тие промени од Владата на Петков.
Ново на Сител
-

Неизвесна судбината на Лукоил во Европа
-

Директорот на Агенцијата за поддршка на земјоделството осомничен за примање поткуп од 50 илјади евра
-

Тема на денот со Јане Војаџиевски, новинар од Вашингтон
-

Тема на денот со Мирјана Пантиќ, универзитетска професорка од Њујорк
-

Директорот на Агенцијата за поддршка на земјоделството осомничен за примање поткуп од 50 илјади евра
-

Ремонт на градски воз
-

Даме Димитровски од ВМРО-ДПМНЕ избран за нов претседател на советот на Град Скопје
-

Скопје се чисти, а од понеделник нови 55 приватни автобуси ќе возат низ градот
