-->
-->
Хорор во кичевско - Девојка била киднапирана, малтретирана и силувана
-->

Во полициската станица во Кичево, утринава приведен е Р.Л. (55) од кичевското село Колибари. По консултација со јавниот обвинител, полициските службеници со приведениот водат разговори во врска со постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „противправно лишување од слобода“ и „силување“.
-Лицето е приведено откако вчера околу 18 часот, во полициската станица во Кичево, против него е поднесена пријава од страна на Н.М. (39) од прилепското село Јакренево. Таа пријавила дека Р.Л. пред околу два месеца ја лишил од слобода и била присилно чувана во неговата куќа во Колибари. Во тој период, според зборовите на пријавителката била физички малтретирана и силувана. Во текот на вчерашниот ден, Н.М. успеала со вилушка да ја отвори вратата од куќата каде била затворена и со автостоп стигнала до Кичево каде во полициската станица го пријавила кривичното дело, соопштуваат од СВР Охрид.
По добивање на информацијата, полициските службеници од полициската станица во Кичево презедоа мерки за пронаоѓање на можниот сторител. Р.Л. утрово околу 7 часот е приведен од неговиот дом во Колибари. По целосно расветлување на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пресудата за пожарот во модуларната болница во петок
-
ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Филипче молчи за златната виза?
-
Протест на Независниот синдикат на полицијата
-
Муцунски во Шведска
-
Алергиите и стомачен вирус ги полнат амбулантите во Клиниката „Козле“
-
Анализа: Како напредува процесот на дигитализација на УКИМ?
-
Прилеп конечно доби комплетно нова детска градинка, втора по големина во Македонија
-
Преглед на вестите од светот