Хекуран Асани и Милан Кораќ нови директори на М-НАВ

Надзорниот одбор на Македонска навигација (М-НАВ) во нов состав, го прифати предлогот на Владата за разрешување на досегашните директори Фахрудин Хамиди и Љубе Стаменковски и на нивно место ги назначи Хекуран Асани и Милан Кораќ, кои на новите функции стапуваат од наредната недела.
Поради законската процедура, надзорниот одбор ќе има уште еден состанок во понеделник кога ќе се потпишат записниците од денешната седница со што одлуката добива формално правна важност и потоа со пропратната документација ќе биде доставена до централниот регистар кој треба да ги впише двајцата нови директори.
М-НАВ ја извести Македонската берза дека по барање на Владата е отповикан Хавзи Емини од должноста независен член во Надзорниот одбор и на негово место е назначен Едмонд Калиќи, кој е предлог од синдикатот на М-НАВ. Покрај Калиќи во Надзорниот одбор се и Кристијан Михајловиќ и Димитар Џеков.
Разрешувањето на Хамиди и Стаменковски беше еден од условите на Синдикатот за да не стапи во штрајк. Одлуката на Надзорниот одбор може да се смета како првиот чекор во решавањето на нарушените односи меѓу Синдикатот и раководството на М-НАВ, но и во расветлување на инцидентот по насилниот упад во зградата на Контролата за летање и нападот врз контролор.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Тимчо Муцунски
-

Мицкоски доби трет мандат за претседател на ВМРО-ДПМНЕ и вети одговорност
-

ВМРО-ДПМНЕ одржува конгрес во Кавадарци - Мицкоски единствен кандидат за претседател
-

Сестринските партии со порака: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се блиску до граѓаните и затоа победуваат
-

СДСМ: Семејна фирма на Томовски добива милонски тендери од државата, Томовски најавува тужба за клевета
-

Тајмс: Северна Македонија во преговори за прием на азиланти - Владата негира, амбасадата ниту потврдува, ниту демантира
-

„Марш на ангелите“ во Кочани
-

Јавната свест за лицата со попреченост се зголемува
