-->
-->
Хамилтон најбрз на последните квалификации
-->
Возачот на Мерцедес и актуелен шампион Луис Хамилтон ќе стартува од пол позицијата на утрешната трка. Тој имаше најдобро време на денешните квалификации што се возеа на патеката „Јас Марина“. Веднаш до него ќе биде неговиот клупски колега од Мерцедес Нико Розберг, кој е лидер во генералниот пласман.
Битката за титулата шампион во формула 1 ќе ја решат овие двајца возачи. Розберг за да го зачува првото место потребно е да биде најмалку трет во случај Хамилтон да победи.
Трето време во квалификациите постигна Даниел Рикиардо од Ред Бул, а потоа следуваат двата болида на Ферари со Кими Раиконен и Себастијан Фетел. Макс Верстапен од Ред Бул ќе го комплетира третиот ред.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Еден убиен, четворица повредени во престрелка во Тетово
-
Разрешен началникот кој сакаше без налог да ја уапси директорката од Демир Хисар
-
Трибини - Место за гордост или сцена за инциденти?
-
Независните се сомневаат во одлуката на ДИК за кандидирање преку потписи
-
Топлотниот бран донесе зголемен број пациенти со мозочни и срцеви удари
-
Високите температури ги реактивираат пожарите
-
Пожарите во Малешевијата ги десеткуваа пасиштата
-
Климатските промени ги намалија приносите на мед